Горан Иванов е нов в.д. директор на Управата за финансиска полиција, откако беше назначен на местото на Арафат Муареми на денешната владина седница, објавуваат повеќе медиуми повикувајќи на информации од Владата.
Иванов досега работел како инспектор во Управата. Владата го именуваше Иванов на позицијата по предлог на Комисијата за кадровски прашања. Тој е кадар на СДСМ.
На претходниот директор, Арафат Муареми, мандатот му истече во февруари, но потоа уште шесте месеци ја извршуваше функцијата како вршител на должност.
Тој се повлече по судирот со Вилма Русковска и по претресот во Управата за финансиска полиција извршен од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.