Фото: З.А

Денес околу 13 часот во атарот на селото Големо Црско, Кичевско, избувна голем шумски пожар од кој беа опфатени површини со ситно стеблеста шума и сува трева. Поради ветерот и сувата подлога, пожарот брзо се прошири на поголем терен и кон самото село. Во текот на денот од страна на ТППЕ Кичево, ШС Лопушник, ер-тракторите и хеликоптер интервенирано е врз огнената стихија и се очекува до крајот на денот пожарот да биде локализиран.

-Во текот на раното попладне голем шумски пожар избувна во атарот на село Големо Црско, кичевско. Екипи на ТППЕ Кичево на опожарената површина интервенираа со две противпожарни возила и 11 пожарникари, додека во исто време врз пожарот интервенираа и екипи задолжени за гаснење на пожари од Шумското стопанство„ Лопушник“, Ер -тракторите и хеликоптер. До крајот на денот се очекува пожарот да биде локализиран, но будноста на екипите задолжени за пожари и локалното население мора дабидат присутни на теренот каде што се уште тлее огнената стихија, бидејќи ветерот, сувата трева и нискостеблестата шума претставуваат закана за повторно реактивирање на пожарот-информираа од ТППЕ Кичево.

Како и сите претходни пожари така и за овој причина, најверојатно,претставува човечкиот фактор. З.А