Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе и требаат на земјава за да стане членка на ЕУ.
На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатака.
– Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на Северна Македонија и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада – изјави Бун, на заедничката прес-конференција со премиерот.
Француската државна секретарка за Европа Бун, повтори дека овде се да и помогнат.
Прашан дали гледа промена во позициите на Франција, премиерот Ковачевски, рече дека точено е оти Франција пред три години беше земја која што имаше различен став од голем број други држави во однос на проширувањето, но три години подоцна Франција беше државата која што практично го водеше процесот на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
– И на вашето прашање конкретно дали е промената позицијата – да, таа е променета и самото присуство денес на државниот секретар Бун на Северна Македонија, на сите контакти коишто јас ги имав со претседателот Макрон, прво при подготвувањето на европскиот предлог за време на француското претседателство, второ на сите напори коишто ги направи членовите на неговиот кабинет на коишто исто така сакам да им изразам почит и благодарност и еден поздрав од Скопје истото тоа го потврдија и целата поддршка која што ја добиваме во моментов во текот на скрининг процесот во Брисел, а во којшто се вклучени сите 27 членки и ние како држава која што ги отпочна преговорите само го потврдуваат тоа што го кажав дека позицијата на Франција во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан во моментов е на ниво на држава која што е еден од предводниците на тој процес – изјави Ковачевски.