Општина Центар ќе помогне со финансиски средства на Општина Кочани, ова вчера беше договорено во Кочани на средбата помеѓу градоначалникот на Центар Горан Герасимовски и в.д градоначалникот на Кочани Венко Крстевски, информираат од Општината.
-На вчерашната средба договоривме да му помогнеме на Кочани со финансиски средства што ќе искористат онаму кадешто е најпотребно. Кога е најтешко мора да си подадеме рака, да бидеме обединети и заеднички да се грижиме за граѓаните. Во овие тешки моменти мораме да им покажеме на кочанчани дека не се сами. Нѐ имаат нас – граѓаните и институциите. Оваа помош не завршува тука, градоначалникот Крстевски ја има поддршката од мене, од општината, од центарци- рекол Герасимовски.