Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која истакнал дека нејзината посета на Скопје претставува поддршка и афирмација на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши посочил дека за Македонија, како земја-кандидат, Европската Унија не е само политички и економски блок, туку претставува посветеност на вредностите како демократијата, владеењето на правото, човековите права и солидарноста.
Собранискиот спикер истакнал дека и кога земјата се соочувала со најголемите предизвици, граѓаните не се поколебале во однос на членството во ЕУ.
– Нагласи дека слоганот на ЕУ „обединети во различностите„ најдобро ја опишува Северна Македонија, а изрази и благодарност за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој ветува значително подобрување на економскиот и социјалниот развој на државите во регионот и нивна поголема интеграција во ЕУ – стои во соооштението на собраниската прес-служба.