Премиерот Димитар Ковачевски им помогна на телевизиските сниматели да ја пренесат опремата при денешниот увид во фабриката ОХИС. Тој го носеше постолјето за камерата на телевизија „Алсат“ додека заедно со присутните се упати кон фабриката, како што се забележува на фотографиите на фоторепортерот на „Нова Македонија“ Игор Бансколиев.
Ковачевски се реши на ваквиот гест по изразеното незадоволството на телевизиските екипи бидејќи мораа да ги паркираат автомобилите на неколку стотини метри од кругот на фабриката, а со тоа и да поминат подолга дистанца носејќи ја опремата.