Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити смета дека формирањето на Агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена за кибер-напади, како оние кои се одвиваат во изминатиот период.
Меѓутоа, како што истакна тој на денешната прес-конференција во Влада формирањето на ваква Агенција е поврзана со процесот на реорганизација планирана за во 2024 година. Информира дека поради тоа МИОА за следната година ќе предложи проект насочен кон овозможување на кибер-безбедност.
– Предлагаме да се формира Агенција за кибер-безбедност која ќе биде главната топчка за координирање на веќе постоечките точки во државата, но фактот дека реорганизацијата е планирана да почне најрано на почеток на 2024 година, ние планираме во следната година еден од проектите да биде насочен во кибер-безбедноста, барем за платформите на МИОА. Иако и сега ние имаме софтвер за сигурност сакаме тоа да се институционализира, односно да симулираме кибер Агенција за МИОА, а кога ќе имаме успешна сторија тоа да го прошириме и за Владата, но и за другите институции – појасни Алити.
Тој дека во однос на овозможување на кибер-безбедост во држава се разговара за законска рамка.
– Фактот што ние се уште немаме ниту дигитална агенција ниту агенција за кибер-безбедност, таа обврска ја има засега Министерството, ние имаме обврска и во законскиот дел. Токму денеска доаѓам од настан со УСАИД на кој разговаравме каква законска рамка да имаме за кибер-безбедноста за да бидеме како држава поподготвени – истакна министерот.