Родителите Роми чиишто деца биле сегрегирани во две основни училишта во Македонија добија важна пресуда пред Европскиот суд за човекови права против Македонија.
Судот утврди дека две основни училишта, „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1). На секое домаќинство му е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта.
– Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој претходно годинава обезбеди и одлуки за прекинување на сегрегацијата во Битола и Штип од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Северна Македонија. Неколку години трпеливо ја чекаме оваа пресуда и задоволни сме дека, конечно, неправдата што ја искусија многу генерации ромски деца кои учат во двете сегрегирани училишта е меѓународно признаена од страна на најважниот суд во Европа – изјави правниот директор на ЕЦПР, Сенада Сали.