Фото: Пиксабеј

Што значат новите упатства

Автор: Д-р Златко Јовановски, интернист во ГОБ „8 Септември“

Способноста на ацетилсалицилната киселина за разредување на крвта одамна го направи рутински лек за одредени луѓе со висок ризик од срцев или мозочен удар.

Но, дали ова се менува?

Новите препораки за користење на ниски дози на ацетилсалицилна киселина, како средство за широко спречување на срцеви заболувања и нејзините опасни по живот компликации, советуваат да не се иницира дневено ацетилсалицилна киселина, особено кај возрасни од 60 години или постари, кај луѓе кои сè уште не развиле значителни срцеви и васкуларни заболувања.
Ацетилсалицилната киселина секако игра улога во намалувањето на ризикот од доживување на кардиоваскуларен настан, особено ако ризикот кај некоја личност е висок. Сепак, земањето ацетилсалицлина киселина секој ден, дури и во мала доза, носи ризици.
Дневна мала доза на ацетилсалицилна киселина има свое место во пределот за превенција и третман на срцеви заболувања.

Што подразбира ацетилсалицилна киселина со мала доза и зошто се зема за срцеви заболувања?

Како разредувач на крвта, ацетилсалицилната киселина може да помогне да се намали ризикот од руптура на наслагите во крвните садови, како и да се превенира згрутчувањето на крвта – антитромботичен ефект – со што се намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар кај некој кој има значителни акумулации.
Потребната доза за да се постигне ова е помала од онаа што е вообичаено потребна за ублажување на болка, поради што ние лекарите препишуваме ниски дози на ацетилсалицилна киселина.
Овие ниски дози обично се движат од 75 до 100 милиграми. Новите препораки се стремат кон се пониски дози во примарната и секуднарната превенција, така што фаворизираат дневна мала доза на ацетилсалицилна киселина од 75 милиграми пред 100 милиграми, ова го гледаме имплеметирано во последните искуства во клиниките.
Проблемот со ацетилсалицилната киселина, дури и во овие ниски дози, е што може да предизвика гастроинтестинално крварење, чиреви и, во тешки случаи, хеморагичен мозочен удар. Ова значи дека придобивките од земање ацетилсалицилна киселина секој ден мора внимателно да се одмерат наспроти неговите ризици.

Што предизвика да се сменат упатствата за ниски дози?

Новите препораки кои беа подготвени и објавени во октомври 2021 година сега се финализирани. Новите препораки се дека:

Секојдневното земање ацетилсалицилна киселина во мала доза за примарна превенција на срцеви заболувања кај возрасни 60+ не покажува јасна корист.
Земањето дневна мала доза на ацетилсалицилна киселина за примарна превенција на срцеви заболувања кај возрасни 40-59 кои имаат 10-годишен ризик од атеросклеротична кардиоваскуларна болест од 10% или повисок може да има корист.
Примарна превенција значи дека сте изложени на ризик од срцеви заболувања и потребни се превентивни чекори за да се намали овој ризик, но нема докази дека претходно сте имале срцев или мозочен удар.

Кој треба да зема ацетилсалицилна киселина со мала доза – а кој не?

Препораките за ниски дози на ацетилсалицилна киселина за да спречи срцев удар или мозочен удар ако веќе имало таков настан или ако има познати срцеви заболувања. Ова се смета за секундарна превенција на срцеви заболувања.
Дополнително, ниските дози на ацетилсалицилна киселина за примарна превенција на срцеви заболувања сè уште се прифатливи за возрасни на возраст од 40-59 години со одредено ниво на ризик од срцев удар – најмалку 10% ризик или поголем, како што проценува ACC /10-годишен калкулатор за ризик.
Сепак, од клучно значење е пристапот на лекарот, да направи проценка, особено ако претходно имало срцев удар или постојат состојби кои го зголемуваат ризикот за срцев удар, како што се дијабетес и дебелина.
Реалноста е дека проценка на ризикот е неопходна, кои се придобивките од ацетилсалицилната киселина и кога ги надминуваат ризиците.
Што е најважно, иако ацетилсалицилната киселина во мали дози е достапна без рецепт, таа никогаш не треба да се зема секојдневно без препорака од лекар. А, ако лекарот препишал ниски дози на ацетилсалицилна киселина, никако не се престанува со лекот, без претходна консултација со лекарот.