Фото Принт-скрин

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија  дојде до вербални дофрлувања меѓу демонстрантите и група млади луѓе кои со фрлање на камења и шишиња и покажување на оружје пробаа да го прекинат протестот.

Следувала интервенција од полицијата која ги разделила групите и спречила евентуален поголем инцидент.

Протесниот марш под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ од пред Владата продолжи кон Министерството за надворешни работи, каде луѓето што протестираа оставаа ружи пред полицијата, а моментално протестот продолжува на финалната дестинација – пред Собранието