ЕВН Електродистрибуција затекнала хаварија во електромрежата во Грчец, објавува „Макфакс“. Како што велат од компанијата, противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем, поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај.
– По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија – појаснуваат од ЕВН.
Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратна штета на целиот дистрибутивен систем во регионот – информираат од ЕВН.
Во моментот електродистрибуција е на терен со придружба од полицијата и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.