Цела Влада е вклучена во преговори со едно село во североисточна Македонија да ги убеди граѓаните да плаќаат сметки за струја, нешто што по природа треба да го прават. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги коментира блокадите на мештаните во Слупчане, кои не им дозволуваа на екипите на ЕВН да влезат во селото откако уништија дел од инфраструктурата.
-Во Вевчани има 2.500 жители, натплатата е повеќе од 90 отсто, зошто овие граѓани да бидат од втор ред, дали треба да ги кренат во воздух трансформаторите за да привлечат внимание. Не смее да има привилегирани, не смее во Слупчане луѓето да се привилегирани – рече Мицкоски.
При првите нереди предизвикани од жителите на Слупчане ова лето, од „Електродистрибуција“ потенцираа дека кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти.
Од Слупчане неделава побараа сите новоизградени куќи да добијат бесплатен приклучок на мрежата, да се постави ограничена цена од 3.000 денари од семејство, без разлика колку струја е потрошена, и верските објекти да бидат ослободени од обврската за плаќање струја.