Срна има 3 години. Во октомври 2023 развива сепса како последица на уринарна инфекција што преоѓа во тешка форма на пиелонефрит и остава трајни оштетувања на левиот бубрег. По лекувањето се открива хидронефроза и камен од 11 милиметри во левиот бубрег. Додека семејството се бори со административните процедури за лекување надвор од државна клиника, Срна добива нова сепса. Моментално е хоспитализирана во приватна болница, каде што постои можност за нови испитувања, оперативно лекување и нејзино целосно опоравување. Родителите на Срна, Трајче Панов и Васка Цветаноска Панова. побараа помош.
Донираните средства ќе бидат искористени за сегашниот престој во болница (за лекување на сепсата), контролите, новите прегледи (магнетна резонанца со анестезиолошка припрема, ехо, цистографија) и на крај за оперативниот зафат за отстранување на каменот и хидронефрозата. Овие интервенции ќе чинат најмалку 922.500 денари.
Хуманите граѓани може да донираат преку прва краудфандинг платформа за граѓански организации во Македонија, на следниот ЛИНК.
Донациска сметка во банка: 210501614179280 – Васка Цветаноска Панова
IBAN: MK07210501614179280
Swift code: TUTNMK22