Ѓорѓи Милошевски е дел од семејството кое учествува во организацијата за големиот христијански празник Богојавление – Водици во општината Маврово-Ростуше. Облечен е во македонска носија од селото Битуше.
– Со задоволство ја носам македонската носија од селото Битуше. За мене е чест што учествувам во продолжување на вековна традиција. Ние младите сме оние кои ќе се погрижат таа да продолжи, никогаш да не згаснат нашето македонско, исконско наследство – вели Ѓорѓи.
