Организацијата „Нов АСНОМ“, смета дека Бугарија треба на Македонија да ѝ исплати воени репарации во износ од 334.266.670 милиони долари за штетата нанесена за време на бугарската окупација во Втората светска војна.
– Сметаме дека Република Македонија, треба да пристапи кон разгледување и формализирање на вакво барање и до нашиот источен сосед, час поскоро, официјално да поднесе адекватно барање – се вели во соопштението на организацијата.
„Нов АСНОМ“ за појдовна сума во барањето ги зема 25-те милиони долари кои Бугарија прифатила да ги плати како репарација кон СФР Југославија при потпишување на Бледскиот договор на 1 август 1947 година во Блед, Словенија.
– Сумата од 334.266.677 милиони американски долари ја добивме кога ги пресметавме инфлаторните трошоци од 1 август 1947 година, па се до денеска, и за тоа го користевме инлфаторниот калкулатор на Министерството за труд на САД – објаснуваат од „Нов АСНОМ“.
Паралелно на ова барање, „Нов АСНОМ“ предлагада се донесе закон кој строго ќе го утврди трошењето на овие средства во развојот на недоволно развиени подрачја и одредени инфрастуктурни проекти, распределени на следниот начин: 40 отсто од парите да се користат за реновации на болничките центри и вработување во болничките центри во источниот и јужниот регион на Македонија, 30 отсто за изградба на пречистителни станици во Битола, Охрид и во Струмица и 30 отсто за реновирање на школите низ Македонија.