Фото: МИА

Бојан Јовановски е хоспитализиран во Градската болница „Св. Наум Охридски“ откако му се влошила здравствената состојба, објави А1 он.

Јовановски има хронични здравствени проблеми со желудникот, а ова не е првпат од затвор да биде префрлан и задржуван на болничко лекување.

Неговиот адвокат, Сашо Дуковски, вели дека ова се случува откако Јовановски бил префрлен во полоши затворски услови.