Фото: Зоран Антоски

 

Како и секоја година така и годинава во црковниот храм„ Свети Петар и Павле “во Кичево, ќе има богата програма која ќе започне на Бадник со поаѓање на верниците и сечење на бадниковото дрво а ќе заврши на третиот ден Божик, кога ќе биде отслужена утрена богослужба и Света Божествена Литургија, потсети отец Александар Крстаноски.

-И годинава како и претходните години свештенството од црковниот храм „Свети Петар и Павле“ од Кичево подготви богата програма. Програмата ќе започне на Бадник кога во 10,30 часот верниците од градот и свештенството ќе го пресечат бадниковото дрво од кое потоа во храмот ќе се делат бадникови гранчиња.Истиот ден во 17 часот ќе се одржи вечерна Богослужба на која ќе присуствува и Митрополитот Г-дин Тимотеј и кога ќе има благословување и делење на бадникови гранчиња.На првиот ден Божик во 7,30 часот ќе се одржи утрена Богослужба а еден час подоцна и Света Божествена литургија. Денот ќе биде заокружен со вечерна Богослужба која ќе се одржи во 16 часот.И во наредните два дена  ќе има Богослужби во црковниот храм на кои традиционално присуствуваат голем број на верници од градот а ќе служат свештеници од Кичево-нагласи отец Крстаноски.