Во пресрет на Божиќните празници општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании на 6. јануари од 9 до 14 часот ќе организира бадников ручек под мотото „За Бадник и Божиќ никој не треба да биде сам!“.

Идејата за бадниковиот ручек е на Горан Филипов, еден од готвачите во ресторанот „Моклиште“ кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија ќе се потрудат да го реализираат бадниковиот ручек и за момент да им го доловат празничниот дух на кавадарчани, кои се без семејство, без дом, без полна трпеза, сами и осамени, со надеж дека бадниковиот ручек ќе продолжи да се организира и наредните години – информираат од општина Кавадарци.

М.М.