Податоците од изјавите за имот на 10 судии и 10 обвинители, 10 директори на јавни здравствени установи, четири раководни лица во државните инспекторати за транспорт, за градежништво и урбанизам, за животна средина и за земјоделство, ќе бидат проверени од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно планот за проверка на имотната состојба во 2022 година.
Првпат ќе се проверуваат и изјавите на 10 претседатели на совети во локалната самоуправа и на 10 директори на јавни претпријатија.
Акцискиот план за проверка на имтоната состојба и судир на интереси од областа на правосусдтвото, локалната самоуправа и органите на извршната власт, претставува составен дел од планот, како што информира претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.