Нема Албанец од Македонија кој ќе ја отпее „Денес над Македонија се раѓа“ како негова химна, изјави Орхан Муртезани од партијата Алтернатива и додаде дека ако некој верува во тоа тогаш има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.
Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи, рече Муртезани и додаде дека претседателот Стево Пендаровски е албанофоб затоа што го нападнал косовскиот премиер Албин Курти.
-Пендаровски сака да им покаже на Димитар Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека е лојален кон нив и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот – рече Муртезани.
Минатонеделната посетата на косовскиот премиер на Чаир и на Тетово беше проследена со бројни контроверзи на кои реагираше и македонскиот претседател.
Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти