Демократската унија за интеграција вечерва во Скопје ја одржа Конвенцијата за промоција на кандидатот за претседател Бујар Османи.
Свои обраќања имаа претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафери како и кандидатот за претседател Османи.
-ДУИ има кадри за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме – рече Ахмети.
-Говорот го започнав со златните зборови од Есат Мекули, бидејќи помалку од четири реда ја раскажуваат целата историја на Албанците во поранешна Југославија. Порано го имаа тоа време за објаснување, но тоа време заврши. Веќе не гледаат како објаснување туку како премиер, како претседател. Во амфитеатарот каде се правеа антиалбански планови, денес имаме ученици Албанци, плановите на Младиќ пропаднаа, бидејќи секое достигнување го добивме со крв. Денеска го имаме Младиќ во Хаг и се радуваме овде во оваа сала. ДУИ, 22 години не знае за пораз, ние ја добивме секоја битка и воено и тактички. Заедно со народот постигнуваме се, ние со народот изградивме тврдина која не се урива, со знаме, јазик, традиција, историја, универзитети, па докажуваме дека сме способни и секогаш победници. ДУИ ги крена кадрите за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме. Не е лесно да се мерат со ДУИ, бидејќи сите инвестиравте во националните капитални дела, кои никој не може да ги откорне – рече во својот говор првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
-Се собравме да кажеме јасно „не“ на Русија, „да“ за Европа! За Европа и со Европа заедно со Бујар Осман – додаде Џафери.