Јани Макрадули е разрешен од функцијата генерален директор на „Пошта“ заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на нејзиниот менаџмент, соопштија портпаролите на Владата на денешната прес-конференција.
Исто така беше прашано и за причините за разрешување на директорот на ФЗО Стево Крстевски, за што беше информирано дека дал оставка од приватни причини.
Портпаролите информираа дека на седницата Владата го разреши од должноста директорот на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски, а за вршител на должноста директор ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, којашто е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет. За в.д. претседател на Инспекцискиот совет Владата ја именуваше Даниела Рендевска.