Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата.
– Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи: За министер за здравство се предлага познатиот лекар Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово, а за министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки – се наведува во соопштението од АА.