Претпладне променливо облачно со локален слаб дожд. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 27 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Од утре ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.