Денеска во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа работен состанок на в.д директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов дел од тимот „Имплементација на Европскиот број за итни повици Е-112 во РС Македонија“, конкретно со тим лидерот Габор Фришман и заменик директорот на проектот, Кристијан Ѓорѓиевски, двата од унгарската компанија „Бонумстрат Консалтинг“.
На состанокот стана збор за моментните состојби во имплементацијата, со посебно внимание за профилацијата на човечките ресурси во новоформираниот сектор за 112. Се дискутираше и за реализацијата на неколкуте јавни тендери што се во тек, тендерите што ќе следат во наредните денови, измената и дополнувањето на Законот за управување со кризи и за останати детали и можни непревидени работи што би можеле да се појават при наредните чекори на имплементацијата, како и за начинот на надминување на истите. Беше констатирано дека проектот напредува и дека во наредниот период се потребни правовремени решенија за реализација на идните проектни задачи.
Покрај носителот на проектот, ЦУК, главни соработници во имплементацијата се и Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Агенцијата за електронски комуникации, Силите за противпожарна заштита, и други државни субјекти, соработници, од Системот за управување со кризи во државата, а и ресурси на располагање.