Формирана е нова Комисија во кабинетот на претседателот која што ќе одлучува за помилувањата. Во неа се јавниот обвинител Љубомир Јовески, адвокатот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Михајловски, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, Билјана Петковска од МИМ, како и уште неколкумина други членови.
Во Кабинетот на претседателот денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување, на која присуствуваше и Стево Пендаровски.
Како што се наведува во соопштението, за членови на комисијата се избрани Сабит Кранли, поранешен судија во Врховниот суд – претседател на Комисијата, јавниот обвинител Љубомир Јовески, Фехми Стафа, државен правобранител, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора,Темелко Ристевски, универзитетски професор,Сафет Алиу, поранешен судија во Врховниот суд,Божин Аврамовски, судија во пензија,Ерол Рушид, лекар, Зора Митиќ, лекар, Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права и Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.