Пациентката на Инфективната клиника, за која вчера беше објавено дека е заразена од коронавирус, се чувствува добро и нема критични знаци, но е во излоација, информира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој нагласи дека во моментот се очекуваат резултати за уште еден сомнителен случај, лице што допатувало од Рим. Резултатите од тестот министерот најави дека ќе бидат објавени за приближно еден и пол час.
Двајаца пациенти, еден возач на товорно возило и една жена што допатувала од Рим, се негативини на коронавирус, додаде Филипче, повикувајќи се на извештаите што беа објавени утрово.
Тој посочи дека одлучено е состојбата на патниците од комбето во кое патувала заразената пациентка да се следи во наредните 14 дена. Тие се вкупно 12 лица, а меѓу нив има и две деца. Се наоѓаат во своите домови во Скопје и во Струмица. Станува збор за здрави луѓе, но сепак се изолирани од контакти со други лица.
Министерот објасни дека во комбето биле вкупно 9 лица, заразената и уште 8 други. Во карантин се 12 бидејќи 8-те патници во меѓувреме имале контакт со уште четворица други.
Утре ќе се направи проверка на здравствените капацитети во случај ако е потребно да се спроведе преместување од домашно сместување во карантин.
Филипче рече дека во моментот нема други што евентуално би биле подложени на тестирања за коронавирус.