Уште тројца пациенти кои беа повредени во автобуската несрећа на автопатот „Струма“ во Бугарија, се очекува денеска попладне да бидат отпуштени од болницата „Пирогов“ во Софија. Се работи за маж и неговата сопруга и за млада девојка, кои ќе бидат префрлени во Македонија, објави МИА.
Од софиската болница соопштија дека пациентите се во стабилна и добра општа состојба. Четворица пациенти моментно се на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија закрепнува по двете успешни операции на потколеницата и на ‘рбетот.