Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени. УВ=5.
Во Скопје претпладне со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд, а попладне со повремено пороен дожд и грмежи. Температурата 16 / 29 степени.
В недела и в понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд в недела со ретки грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.