Претседателот Петро Порошенко на 17 април одржа средба со шефовите на фракциите на Врховната рада на Украина и ги повика да го поддржат обраќањето до вселенскиот патријарх Вартоломеј Први за давање томос за автокефалност (декрет, послание за некои важни прашања од црковниот поредок, вклучувајќи официјално прогласување на автономија во управувањето или автокефалност – ред) на украинската црква.
На 19 април Врховната рада ќе го разгледа проектот на одлуката за поддршка на обраќањето на претседателот на Украина до вселенскиот патријарх Вартоломеј за давање томос (документ за црковното уредување) за автокефалноста на православната црква во Украина.
– Јас сакам да се обратам до вас, колеги народни пратеници, со молба да го поддржите ова обраќање. И сакам да се обратам до украинскиот народ, зашто изборот и одлуката е за вас – да се поддржат архијереите, да се поддржи претседателот, да се поддржи парламентот и да се добие Единствена помесна православна украинска црква. Верувам дека ова, со божја помош, ќе се случи – рече Петро Порошенко.
Според зборовите на претседателот, прв таков услов е обраќањето на црковните архијереи. Тој соопшти дека веќе одржал низа средби со претставниците на свештенството.
– Пресветиот патријарх киевски и на целата Рус-Украина Филарет му го предаде на претседателот на државата соодветното обраќање со потписи на сите епископи на Украинската православна црква на Киевскиот патријархат, кои ја посведочија (поддршката – ред) за давање томос на новата Украинска православна автокефална црква. „Сите до еден“ – истакна претседателот на државата.
Тој, исто така соопшти дека имал средба со митрополитот киевски и на сета Украина Макариј, претстојател на Украинската автокефална православна црква и него го информирале за резултатите на Архијерејскиот собор на УАПЦ: „Сите без исклучок архиепископи на УАПЦ го потпишаа обраќањето до вселенскиот патријарх и обраќањето до претседателот“.
– Несомнено, секој од вас разбира дека е ова апсолутно историски настан во историјата на нашата држава. Тоа не е црковен настан. Тоа е настан на независноста на Украина, кој се случува во многу тешки времиња – рече претседателот.
Тој истакна дека тоа е важно за „ние имаме, така како што има и мнозинството во православниот свет, своја единствена автокефална црква“.
– Црквата евхаристиска, молитвено поврзана со други помесни цркви, но административно никако независна, ниту од Москва, ниту од некој друг – истакна претседателот, зборувајќи за новата Единствена помесна украинска црква. Според неговото уверување, во ова прашање „треба да се продолжи од стариот канонски принцип: на граѓанската и земјишната распределба нека следува и распределба на црковните работи. И ние дејствуваме јасно во согласност со овој наведен принцип“ констатира претседателот на државата.
– Украина, како независна држава, во согласност со традициите на православниот свет не само што има право, но според мое мислење, едноставно е обврзана оваа црква да ја создаде. И не смее да се испушти оваа можност и треба со исто такво единство, какво што го покажа црковната хиерархија – додаде тој.
Петро Порошенко истакна дека сите помесни цркви на новото и поновото време беа конституирани само и само во рамките на заемно дејствување на црквата и државата, затоа е потребно обраќањето до неговата сесветост и до шефот на државата и црковните архијереи.
– Ако тоа биде одлука на парламентот, со ваша дозвола, јас, обраќањето на претседателот, црковните архијереи ќе му го предадам на неговата светост вселенскиот патријарх, за во најскоро време да го разгледаат и да донесат соодветна одлука – рече претседателот.
Пред тоа, на 9 април, претседателот на Украина во Истанбул имаше средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј во неговата официјална резиденција.
Прашањето за создавањето и признавањето на единствената помесна автокефална црква се дискутира од стекнувањето на независноста на Украина.
За митрополитот Володимир Сабодан, претстојателот на УПЦ (МП), беше создадена и дејствуваше работна група „за подготовка за дијалог меѓу Украинската православна црква (на Московскиот патријархат) и Украинската православна црква на Киевскиот патријархат за обновување на единството на украинското православие“. Сепак, само што митрополитот Володимир, како последица на тешка болест престана да влијае на процесот, дијалогот беше прекинат.
На 16 јуни 2016 година Врховната рада веќе го усвојуваше обраќањето до архиепископот на Цариград, вселенскиот патријарх Вартоломеј со повик да се издаде томос за автокефалноста на Православната црква во Украина.
Во своето обраќање Врховната рада го повика Вартоломеј да го поништи актот од 1686 година, во согласност со кој „со кршење на каноните“ Киевската митрополија беше припоена кон Московскиот патријархат.
– Денес Украина како никогаш порано е блиску до појавата на сопствената автокефална помесна црква. Се надевам дека оваа одлука може да се донесе до 1030-та годишнина од крштевањето на Украина-Рус – изјави Порошенко.
Празнувањето на 1030-та годишнина од крштевањето на Киевската Рус – Украина ќе го одбележат на 27-28 јули 2018 година.
Извор: Амбасада на Украина во Република Македонија