Под слоганот „Ти не си виновна!“ неколку стотина граѓани маршираа во Скопје по повод 8 Март.
Маршот почна од плоштадот „Филип Втори“, преку Камениот мост, плоштадот „Македонија“ и заврши во паркот Жена-борец.
– На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрзоуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, оваа година маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“. Осми март е ден кога ја славиме секоја борба, секој глас, секој отпор! Поттикнати од случајот „Јавна соба“ годинешниот Марш за женски права, гласно и недвосмислено го посветуваме на жртвите на родово базирано насилство – рекоа организаторките.