Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Твитер-профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што, ненамерно, при логирање беше внесен погрешен код за верификација, соопшти Министерството за здравство.

Оваа активност за социјалниот медиум беше причина за ограничување на профилот. Се работи на надминување на проблемот.