Пожарот во селата Опеница и Расино кај местото наречено Јасика, Охрид, кадешто гори борова шума, е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи.
Во текот на вчерашниот ден за гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумско стопанство (ШС) Галичица, ШС Кичево и ШС Ресен, со специјализирани возила за гасење, 10 пожарникари со три возила од ТППЕ Охрид, како и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот во Опеница избувна во саботата, а силниот чад се ширеше кон градот. Поради тешко пристапниот планински терен, гаснењето на пожарот беше отежнато.