Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства.
– Изминативе неколку денови Сојузот на средношколци добива поплаки од средношколци кои доаѓаат од повеќе градови ширум земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавањето на свидетелства – соопшти Сојузот кој за истиот проблем алармираше и лани.
Tоварот за печатењето не смеат да го сносат ниту учениците ниту професорите во средните училишта. Од Сојузот оценуваат дека овие такси се срамни и скандалозни и треба да бидат покриени од образовните власти, а праксата учениците да плаќаат мора да престане.