Докторот кој ја породи родилката во болницата „Ре-медика“, е во добра здравствена состојба. Тој е во изолација и е во очекување да биде тестиран идната недела за вирусот Ковид-19, согласно правилата на Епидемиолошките служби како надлежни институции.
Оттука замолуваме до сите медиуми да се воздржат од пласирање на непроверени информации со кои се нанесува штета на угледот на болницата. Болницата „Ре-медика“ е секогаш отворена за соработка со медиумите со цел да се дадат потребните информирања до јавноста и се во функција на доброто здравје.
Болницата е отворена и безбедна за сите пациенти. Секојдневна грижа е здравјето на сите.
Благодариме на довербата,
Со почит, ПЗУ Ре-медика