Релативно сончево и топло време најавија метеоролозите за денеска.
Утринската температура се очекува да биде од 5 до 12 степени, додека дневната ќе се искачи до 29 степени Целзиусови ширум државата, а во Скопје дневната ќе достигне максимални 27 степени.
Стабилно и сончево со умерена облачност ќе биде денеска во главниот град.
За утре синоптичарите најавија стабилно време кое може да донесе краткотраен дожд со ретки грмежи.
За викендов не очекува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне кое ќе се задржи и во наредните денови.