Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 19, а дневната од 21 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови. За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.