Сончево, но постудено време со силен северен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Дневните температури во поголем дел од државата ќе бидат намалени за околу 10, а наместа и за 15 степени.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 степени. УВ-индексот изнесува 6.
Синоптичарите најавуваат дека во Скопје ќе биде претежно сончево и ќе дува силен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 18 степени.
Од среда наутро ќе има значително опаѓање на утринската температура, која наместа ќе се спушти дури и околу нулата. Постепено затоплување се очекува кон крајот на неделата.