Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина над 70 км/час).
Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 34 степени.
Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и в недела претпладне. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури.