Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 17, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 27 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, и со температури од 15 до 31 степен.
Утре, како и во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.