Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 19 до 26 степени, информира УХМР.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 24 степени.
Од утре попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (околу 30 л/м2) и проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.
Во вторник, поради спуштање постудена воздушна маса, ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.