Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 20 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Во недела и во понеделник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен, особено во западните делови од земјава. Потоа во наредните денови ќе продолжи периодот на умерено облачно и стабилно време со температури околу, а на некои места и над просекот за овој период од годината.