Двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, од утре ќе бидат отворени, со почитување на протоколите.
Заштитните маски и дезинфекција на рацете ќе бидат задолжителни, а термалните камери ќе ја проверуваат телесната температура. Сомнителните ќе бидат спроведени во просторија за изолација.
Патниците се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, а ограничено ќе биде и користењето на чекалниците.
Во 6 часот наутро од Скопје ќе полета авион на „Визер“ за Бремен, а три часа подоцна се очекува да слета и авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул.
Првите летови од охридскиот аеродром ќе бидат за и од Цирих и Милано.