Се укинуваaт државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа година.
Како што соопшти министерот за образование, Арбер Адеми, Владата на денешната седница усвоила сет образовни мерки за непречено функционирање на воспитно-образовниот систем.
– Се укинуваaт државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година. Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година. Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни. Се уредуваат уписите на високообразовните установи – кажа Адеми соопштувајќи ги новите образовни мерки.