Приемно тестирање за запишување во средните училишта, сепак, ќе нема. Протестите пред гимназијата „Орце Николов“ кои траеја два дена завршија, со тоа што сите полуматуранти кои се пријавиле, вкупно 311 со сите петки, ќе бидат примени во гимназијата.
По дводневното протестирање на родителите пред гимназијата, поради тоа што од големата бројноста на кандидатите тие требаше да полагаат тестови, решено беше тестовите да не се одржат. Протести исто так имаше и пред владата.
Засега нема информации дали ова решение ќе биде применето и во другите средни училишта во државата за кои има голем интерес кај полуматурантите, а бројките на заинтересираните ученици ја надминува бројката на предвидениот капацитет за упис.