Информација за стратешките набавки во АРМ во наредниот период, била темата на денешната седница на Советот за безбедност во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, информираат од неговиот Кабинет.
На 11-та седница беа разгледани проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната предвидени со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности на одбраната 2019-2028 година, во согласност со интеграцијата во колективниот систем на одбраната на НАТО, известуваат надлежните.
Највисока стратегиска цел на Република Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба, информираат од кабинетот на Пендаровски по завршувањето на седницата.