Европската унија направи историска грешка и тоа беше порака на највисоките претставници на ЕУ. Таквата неправда нема да го поколеба општеството, државата, институциите. Напротив, ќе работиме двојно повеќе за европските вредности, стандарди и реформи да ги донесеме тука, порача СДСМ.
– Европскиот сон на македонскиот народ, како и на Албанците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата земја – нема да биде срушен. Затоа е потребно организирање на брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може.
Избори на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат на демократски и европски вредности, патот на развој и просперитет, патот што води напред или а одиме по мрачниот пат на изолација, национализам, поделби и конфликти, односно патот што води назад.
Нема дилеми дека граѓаните уште еднаш ќе ја обезбедат иднината и ќе ги поразат политиките на поделби, деструкција и неодговорно однесување. Граѓаните се приклучуваат на правиот пат, патот на раст и развој, интеграција, повисоки плати и повисок животен стандард за сите – велат од владејачката партија.