Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за сите компании погодени од последиците на пандемијата со коронавирусот, велат од СДСМ.
– И покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, Собранието го усвои законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, како и законот, со кој обезбедува финансиска поддршка за ублажување на последиците од коронакризата врз производството, откупот на грозје и винската индустрија. Со ова над 283.000 граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, ќе добијат 6.000 денари за купување македонски производи и услуги – се наведува во соопштението.
Од СДСМ појаснуваат дека оваа е дел од четвриот пакет економски мерки за помош и поддршка во кризата за граѓаните и за компаниите, со кои Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните полесно да ги поднесат последиците од коронакризата, а истовремено се раздвижува домашната економија.
– Во време на најголемата здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, Владата предводена од СДСМ низ четири пакети мерки пренасочува кон граѓаните и економијата речиси милијарда евра. СДСМ како одговорна партија во време на пандемија се грижи за сите погодени со кризата, никој не е оставен сам. Поддршката ќе стигне на вистинското место во најбрз можен рок – велат од партијата.