Патриотските здруженија „Tврдокорни” и ,,Македонија блокира“ во моментов со песна протестираат пред Собранието, паралелно со почетокот на пленарната седница за уставните измени.
Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата. Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.
-Во овие навидум обични денови се одигруваат настани кои ќе одекнуваат не само нанапред во иднината туку и наназад во вековите од македонското минато. Секој достоинствен Македонец без да се убедува треба да знае дека е должен со присуство на протестот во свое име и во име на честа на своето семејство да ја покаже несогласноста со чинот на НАЈГОЛЕМОТО НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО- се вели во повикот на Здружението на граѓани „Тврдокорни“.
Во прилог ви ја пренесуваме атмосферата од пред Собранието на Република Македонија.