Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 24 степени.
Во Скопје слично време, со температура од 14 до 23 степени.
Под влијание на јужно воздушно струење следува период на топло време со умерен, а повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, особено во средината на неделата.
Брзината на ветерот од јужен правец ќе се засилува и се очекува да достигнува до околу 60 километри на час. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од сабота пак, се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата ќе опаѓа.